26/11/2024
ПочетнаUncategorizedГерасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало, информираат од локалната самоуправа.

Од општината нагласуваат дека теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

– Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи, вели Герасимовски.

Тој вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители, односно до локалната самоуправа да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба. Но, на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението.

Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ