Allianz F.C. и Клуб Депортиво одиграа четвртфинален натпревар синоќа на стадионот Кускатлан во главниот град Сан Салвадор.
Натпреварот беше прекинат откако изби стампедо во главниот дел на стадионот, кој има капацитет од повеќе од 44.000 навивачи, јавуваат локалните медиуми , а вознемирувачкото видео може да го погледнете ТУКА.
„Салвадорската фудбалска федерација длабоко жали за настаните што се случија на стадионот Кускатлан“, напиша организацијата на Твитер. „Исто така ја изразува својата солидарност со роднините на загинатите и повредените во овој инцидент.“