– Обраќања на претседателот Стево Пендаровски и на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ на шестото издание на Македонскиот енерегетски форум МЕФ, што завршува денеска со панели за енергетска дипломатија, технолошки иновации за енергија и трансформација на енергијата преку локална климатска акција.
Фокусот на годинашниот МЕФ е зелената транзиција и енергетската отпорност.
На првиот ден од форумот вчера беа упатени пораки дека енергетската транзиција како клучна алатка во справувањето со климатските проблеми, мора да биде инклузивна, да се делува за диверзификација на енергетските ресурси, како и да се развиваат пазарите за да ги следат промените.
Северна Македонија уште еднаш доби потврда дека има поддршка од Еврпската унија во спроведувањето на енергетските реформи и оти ЕУ е нејзин сигурен партнер за забрзување на енергетската транзиција. Испорачани и беа и препораки – да обезбеди поголема вклученост на приватниот сектор и граѓаните во целиот овој процес и да обезбеди проекти со јасна методологија и критериуми преку кои ќе биде утврден приоритетот на инвестициите.