24/11/2024
ПочетнаРегионГерапетритис ја повика албанската Влада да му дозволи на притворениот градоначалник на...

Герапетритис ја повика албанската Влада да му дозволи на притворениот градоначалник на Химара да положи свечена заклетва

Станува збор за негативна разврска што претставува јасно прекршување на основните принципи на владеењето на правото, кои Албанија мора да ги почитува и строго да се придржува доколку сака да стане членка на европското семејство, вели шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за отфрлената жалба за ослободување од затвор на градоначалникот на албанскиот град Химара Фреди Белери, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис вели дека одлуката на Врховниот суд на Тирана да ја отфрли жалбата на Белери „доаѓа како дополнување на претходните одлуки на албанските судови, кои, во суштина, му го лишуваат правото да положи заклетва и да ги преземе должностите што му ги доделија граѓаните на Химара“.

-Ја повикуваме албанската Влада законодавно или административно, да обезбеди итно положување на заклетва на Белери во или вон затворот. Министерството за надворешни работи ќе продолжи внимателно да го следи развојот на случајот и ќе го покренува ова прашање на сите меѓународни форуми, рече Герапетритис.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ