24/11/2024
ПочетнаСпортМакедонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот...

Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот за пласман од 9 – 12. место на Светското првенство за играчи до 19 години. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, иако не успеаја да влезат во четвртфиналето, покажаа дека имаат потенцијал да се „носат“ со најдобрите селекции на светот. Во групната фаза на Мундијалот во Хрватска, Македонците загубија од Норвешка во натпревар неизвесен до самиот крај, а ги совладаа Црна Гора и Грузија. Следуваше Главната фаза каде е доживеан пораз од Данска и победа вчеравечер над Австрија. Доколку утре (почеток 20 часот) ја победат Унгарија, младите македонски ракометари во меч за 9.место ќе играат со поуспешниот од дуелот Чешка – Саудиска Арабија. Поразените селекции ќе се борат за 11. место.

Хулен Лопетеги се повлече од функцијата менаџер на премиерлигашот Вулверхемптон.

Во британските медиуми се посочува дека одлуката за раскинување на договорот е донесена со заеднички договор двете страни.

Претходно беше објавено дека 56-годишниот шпански тренер е незадоволен од состојбата на тимот пред почетокот на новата сезона во најквалитетната фудбалска лига во Англија.

Лопетеги е на чело на Вулфс од ноември 2022 година. На крајот од минатата сезона, тимот под негово водство го зазеде 13. место во Премиер лигата со 41 бод на 38 натпревари.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ