24/11/2024
ПочетнаРегионМеѓу земјите од Западен Балкан од денеска се патува само со лични...

Меѓу земјите од Западен Балкан од денеска се патува само со лични карти

Договорите за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, за признавање на високо-образовните квалификации и за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти кои што беа потпишани лани на 3 ноември денеска стапуваат на сила во Македонија, Албанија и Косово. Наскоро се очекува овие договори да стапат на сила и во останатите три држави потписнички, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, согласно завршените правни процедури кај нив.

Како што соопшти МНР, со овие договори се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија – вели министерот Бујар Османи.

Инаку, македонското Министерство за надворешни работи е избрано за депозитар на овие важни договори.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ