Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка, нагласувајќи дека овој проект е само дел од најавените инвестиции од неколку стотици милиони евра за овој дел од Македонија. Тој истакна дека Крива Паланка е стратешка влезна точка на Коридорот 8, каде фокусот во наредниот период ќе биде ставен на железничкото поврзување преку втората и третата фаза од пругата, како и на изградба на нови патни делници кои ќе го олеснат патувањето кон источниот сосед.
Според Мицкоски, целта на овие капитални инвестиции е создавање услови за економски развој кои ќе ги мотивираат граѓаните кои се иселиле во странство да се вратат во своите домови. Премиерот порача дека Владата останува цврсто фокусирана на реализација на инфраструктурните и енергетските проекти на коридорите 8 и 10, што веќе се потврдува преку растот на БДП и подобрувањето на квалитетот на животот на сите граѓани.


