19/09/2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкција на „Соколана“ во Куманово

Мицкоски: Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкција на „Соколана“ во Куманово

Куманово ќе добие нов изглед на најстариот спортски комплекс „Соколана“, откако Владата ќе обезбеди 700.000 евра за неговата реконструкција, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на градот.

Во присуство на градоначалникот и локалната администрација, Мицкоски изрази задоволство од работата на Општина Куманово и потенцираше дека добрата соработка меѓу Владата, општината и советниците ќе продолжи.

„Заедно Владата, Општината и градоначалникот правиме исклучително добри работи и ќе продолжиме да правиме исклучително добри работи за Куманово“, истакна премиерот.

Тој додаде дека ја почувствувал поддршката и од локалните стопанственици, кои изразиле позитивни коментари за политиките на општинската власт и напорите да се создадат подобри услови за бизнис и инвестиции.

Посебна благодарност Мицкоски упати и кон пратениците од Куманово кои, како што рече, се борат за повеќе проекти финансирани од Владата.

„Конкретно за овој објект, реконструкцијата ќе чини околу 700 илјади евра и ќе овозможи враќање во неговата првобитна положба. Проектот е готов, а средствата ќе бидат обезбедени“, најави премиерот.

Со реконструкцијата на „Соколана“, Куманово ќе добие современо спортско катче кое ќе биде достапно за граѓаните и идните генерации.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ