24/11/2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ

Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ

Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието.

Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на експерти и советодавни услуги, а во делот на образованието исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти.

По средбата со Пленковиќ, премиерот Мицкоски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер.

Во фокус на разговорите се евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка на тој пат, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка, особено на економски план.

Во состав на владината делегација се и министрите за образование и наука, за здравство и за надворешни работи.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ