24/11/2024
ПочетнаМакедонијаМинистерката Петровска и словенечкиот министер за одбрана Шарец го потпишаа новиот Договор...

Министерката Петровска и словенечкиот министер за одбрана Шарец го потпишаа новиот Договор за одбранбена соработка: Договорот ќе придонесе за мирот, довербата и безбедноста на регионот и на целата евроатлантска област

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец денеска во Министерството за одбрана го потпишаа Договорот за соработка во одбраната помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.

Министрите Петровска и Шарец имаа тет-а-тет средба и билатерална средба со делегациите од двете држави, по што следуваше и заедничка прес-конференција во Клубот на пратеници.

„Со задоволство го потпишавме новиот Договор за соработка во одбраната помеѓу двете влади, што несомнено ќе придонесе во градењето на нашето пријателство и нашата соработка. Областите во кои ќе соработуваме се бројни, но она што е најзначајно е дека преку реализацијата на овој Договор ќе придонесеме кон зајакнувањето на мирот, довербата, стабилноста и просперитетот во земјите од регионот, но и во целата евроатлантска област“, рече министерка Петровска на заедничката прес-конференција со словенечкиот министер за одбрана.

Министерката истакна дека двете земји заеднички придонесуваат во мултинационалните сили во Латвија со што јасно покажуваат дека не отстапуваат од заедничката цел, а тоа е безбедна Алијанса и сигурни граѓани.

Петровска се заблагодари за континуираната словенечка поддршка во процесот на интеграција кон Европската Унија и за помошта да го изградиме заедничкиот европски мост.

„Македонската приказна во НАТО е успешна, но останува уште една стратешка цел која мораме да ја направиме да биде реалност. Благодарни сме за вашата неизмерна поддршка на патот на Северна Македонија кон ЕУ и за тоа што ни помагате да го изградиме овој заеднички европски мост“, рече Петровска.

Министерот Шарец порача дека е исклучително важно што ја продолжуваме соработката во меѓународните операции и мисии и што детектираме нови области во оваа област.

Заедничкиот придонес во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, тој го нарече „успешна приказна“.

„Заедно даваме видлив придонес во сојузничката одбрана и одвраќање, додека истовремено ја зголемуваме подготвеноста и поврзаноста на нашите вооружени сили, што демонстрира една регионална димензија на соработка. Словенија одлучи да го продолжи своето воено присуство во Латвија и ние неизмерно го цениме вашиот придонес и вашата подготвеност да продолжите успешно да соработувате со нас во овој ангажман“, заклучи Шарец.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ