19/09/2025
ПочетнаМакедонијаМинистерството за јавна администрација ги започна генеричките обуки за 1.000 административни службеници

Министерството за јавна администрација ги започна генеричките обуки за 1.000 административни службеници

Министерството за јавна администрација денеска го започна првиот циклус од најголемата програма за стручна надградба на административните службеници во земјата. Настанот се одржа во Скопје под слоганот „Инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, а во првата фаза вклучува 1.000 учесници од различни институции. На првите обуки учествуваат повеќе од 500 службеници кои ќе минат низ систематски и стандардизирани тренинзи.

На свеченото отворање присуствуваа претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министри, претставници на дипломатскиот кор, како и меѓународни и граѓански организации. Во своите обраќања премиерот Мицкоски и министерот за јавна администрација Горан Минчев ја истакнаа важноста на обуките за создавање професионална, етичка и одговорна администрација во служба на граѓаните.

„Посилна и пообучена администрација значи посилна и поуспешна држава за сите нас“, нагласи министерот Минчев, истовремено потенцирајќи ја и улогата на новоформираната Академија за јавни службеници како централна институција за модернизација на администрацијата.

Тој потсети и на донесувањето на пакетот реформски закони – Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Законот за инспекциски надзор и Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници, кои претставуваат основа за целосна реформа на јавната администрација.

Обуките се спроведуваат со поддршка на меѓународни партнери, меѓу кои РЕСПА, ЦЕФ, француската Агенција за стручни обуки, Вита институтот и Економскиот факултет при УКИМ.

Покрај Скопје, во наредните месеци ќе следуваат и регионални обуки во источниот, полошкиот и пелагонискиот регион, со цел да се опфатат административните службеници од целата земја.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ