16/10/2025
ПочетнаМакедонијаМинистерството за јавна администрација и Амбасадата на Франција во Република Македонија со...

Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Франција во Република Македонија со заеднички проект за јакнење на капацитетите и професионализација на јавната администрација

Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Република Франција денес потпишаа Меморандум за соработка, со што започнува нов стратешки проект насочен кон модернизација на институциите и градење професионална, ефикасна и доверлива јавна администрација.
Проектот „Јакнење на капацитетите и професионализација на администрацијата“ се реализира во партнерство со Националниот институт за јавна администрација на Франција (INSP), Генералната дирекција за администрација и јавна служба (DGAFP), како и со Центарот за управување со промени (ЦУП) – организација која со своето искуство и експертиза дава значаен придонес во креирањето на реформите.
„Ова партнерство ја потврдува нашата одлучност да изградиме модерна администрација – двигател на развојот, сигурен партнер на граѓаните и столб на нашите европски амбиции. Ова е инвестиција во иднината на државата и во институции што ќе ја враќаат довербата на граѓаните.“ – истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
Министерот упати благодарност до Амбасадорот на Франција, г. Кристоф Ле Риголер, како и до сите партнери кои ја овозможуваат оваа трансформација.
Со Академијата, Република Македонија стапува на ново ниво на градење на модерна јавна администрација – администрација што учи, се усовршува и постојано се подобрува во служба на граѓаните и европската иднина на државата.
spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ