24/11/2024
ПочетнаРегионНа Родос повторно се разгоре пожарот, на Крф синоќа превентивно евакуирани 2.466...

На Родос повторно се разгоре пожарот, на Крф синоќа превентивно евакуирани 2.466 лица

На грчкиот остров Родос утрово повторно се разгоре жариштето во близина на селото Асклипио во југоисточниот дел на островот, неофицијално огнените јазици веќе се стигнати до првите домови, а до жителите на две села веќе беше испратен порака за евакуација, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос утрово соопшти дека на островот интервенираат „силни копнени сили и од воздух на поширокото подрачје на пожарот периодично ќе оперираат осум авиони, од кои два од Турција и еден од Хрватска, како и десет хеликоптери, од кои три од Египет“.

Во однос на пожарот на Крф, објасни дека преку бројот 112 за итни случаи биле евакуирани 17 села и 2.466 граѓани биле пренесени на безбедна локација, а паралелно истакна дека на островот не се регистрирани штета на домови.

Во евакуацијата помогнале силите на грчката полиција, на противпожарната служба, на периферијата, како и на крајбрежната служба, кои објавија и видео од акцијата.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ