24/11/2024
ПочетнаКултураНЕДЕЛА НА ДИЗАЈН СКОПЈЕ ОТВОРА ПОВИК ЗА ДИЗАЈН РЕШЕНИЈА ЗА СÈ ПОВРЗАНО...

НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН СКОПЈЕ ОТВОРА ПОВИК ЗА ДИЗАЈН РЕШЕНИЈА ЗА СÈ ПОВРЗАНО СО ВЕЛОСИПЕД!

Велосипедот е совршен еко, урбан транспорт, но покрај дизајн, предуслов е инфраструктура, безбедност и култура

“Неделата на дизајн во Скопје” ги започна активностите со тоа што го објави првиот повик за дизајн, тематски насочен кон безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и сите пропратни елементи поврзани со унапредување на истото.

Велосипедот спаѓа во едно од најупотребуваните превозни средства во градовите низ Европа и Азија, додека кај нас сè уште возењето велосипед важи за недоволно безбедно урбано превозно средство. Поради тоа, иако е во подем и добива институционална поддршка, употребата на велосипедот за транспорт во Скопје и другите поголеми градови во Македонија се уште не е на завидно ниво.

Овој повик има за цел да биде гласен апел за подобрување на условите за користење на велосипед во урбана средина, почнувајќи од соодветна инфраструктура, подобрување на т.н. вело-култура и воопшто поголем степен на култура во сообраќајот. Затоа овој повик покрај дизајн на аксесоари за велосипед како педали, рачки на велосипед, ѕвончиња, дизајн на велосипед, отвара простор и за предлог дизајн решенија за паркинг на велосипед, транспорт на велосипед, комбинација јавен трансорт + велосипед, но и низа алатки за подобрување на безбедноста како стикери, амблеми, шлемови итн.

Рокот на повикот за дизајн решенија е до 14. септември, а потоа селектираните идеи ќе добијат своја реализација и ќе бидат изведени до почетокот на фестивалот. Истите ќе бидат презентирани и пред општините на град Скопје со цел нивно евентуално идно имплементирање.

Повикот е објавен на веб странатa на Skopje Design Week, како и на сите негови профили на социјалните мрежи.

Линк до повикот: https://bit.ly/cycling-and-recycling

Партнер на отворениот повик е Стопанска Банка.

“Неделата на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустриски и продукт дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала станица, и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол. “Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации  на дизајн фестивали меѓу кои: “Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Барселона дизајн вик” и Австрија “Дизајн”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под мотото Next Gen Design.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ