01/12/2025
ПочетнаМакедонијаОсновното училиште „Св. Климент Охридски“ Драчево – старт на меѓународната Erasmus+ мобилност...

Основното училиште „Св. Климент Охридски“ Драчево – старт на меѓународната Erasmus+ мобилност со фокус на спречување врсничко насилство.

Тимот од наставници при ООУ „Св. Климент Охридски“ од с. Драчево, општина Кисела Вода, во периодот од 21 до 24 октомври 2025 година беше домаќин на првата мобилност во рамки на проектот Erasmus+ „Game for SEL“. Во проектот учествуваат партнери од Република Турција, Австрија и Франција.

Домаќините, предводени од одделенската наставничка и координаторка Тања Петков, реализираа бројни активности, меѓу кои и презентација на дигитална игра за врсничко и сајбер насилство изработена преку платформата Genially. Во соработка со компанијата „Мак Петрол“, креатор на платформата „Крени глас против врсничко насилство“, беа презентирани вистински приказни од жртви со цел подигање на свеста кај учениците за пријавување и справување со ваквите ситуации.

Македонскиот тим го претстави и прирачникот „Не молчи – прекини го кругот! Стоп за насилство!“, изработен од наставниците преку работилници за препознавање и надминување на насилството. Прирачникот е со ИСБН број, одобрен од Универзитетската библиотека на Република Северна Македонија и достапен и во дигитална форма.

Покрај работните активности, странските тимови имаа можност да ги посетат Скопското Кале, Старата чаршија, кањонот Матка и градот Охрид, како и да ја вкусат традиционалната македонска кујна. Следните мобилности во проектот ќе се реализираат во Франција, Турција и Австрија.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ