Македонскиот претседател Стево Пендаровски, денеска во Анкара ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој победи на неодамнешните избори и доби нов мандат.
По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара.
Ердоган уште пет години ќе биде на чело на неговата земја. Тој владее со Турција од 2003 година, прво како премиер, а потоа и како претседател.