Во селото Бањска во општина Звечан сите приоди се блокирани од полициски сили, а се уште не се знае кога ќе бидат деблокирани.
Блокирани се сите три приоди кон село Бањска, од правец на Звечан, Зубина Поток и од автопатот Косовска Митровица-Лепосавиќ.
Премините Јариње и Брњак се уште се затворени за сообраќај и патници од правецот на централна Србија, додека од правец Лепосавиќ кон Рашка е можно да се минува.
Ситуацијата во Митровица, ден по инцидентот во Бањска, засега е мирна, но тензична.
Утрово значително помал број граѓани се видливи на попрометните улици во Северна Митровица, само неколку сограѓани кои брзаат на работа или одат во продавница или деца на долг одмор кои брзаат да се вратат на училиште со појадок.
Продавниците, училиштата, рестораните и другите објекти работат нормално.
Непречено поминуваат автомобили, меѓу нив само полициско возило, кое е во патрола.
Извор: Косово онлајн