24/11/2024
ПочетнаРегионШефот на ЦИА се сретна со претседателката на Косово и со шефот...

Шефот на ЦИА се сретна со претседателката на Косово и со шефот на Косовската разузнавачка агенција

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска во Приштина имаше кратка средба со косовската претседателка Вјоса Османи, на која беше и шефот на Косовската разузнавачка агенција Петрит Ајети, пренесе Бета.

Барнс потоа отишол во американската амбасада.

Според Бета, медиумите во Приштина ги истакнале силните безбедносни мерки при пристигнувањето на Барнс од аеродромот и за време на неговата посета на Претседателството на Косово.

Барнс пристигна во Косово по посетата на Босна и Херцеговина и Србија.

Ниту за време на тие посети немаше официјални соопштенија или информации за јавноста.

Претходно ниту американската амбасада во Приштина не го потврди доаѓањето на Барнс во Косово, а не го потврдија ниту Кабинетот на претседателката на Косово и Министерството за внатрешни работи.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ