16/10/2025
ПочетнаМакедонијаСредби на министерот Муцунски со членови на Конгресот на САД

Средби на министерот Муцунски со членови на Конгресот на САД

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера оствари одвоени средби со конгресмените Роберт Адерхолт, Клаудија Тени и Даниел Вебстер.

На средбите се разговараше за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, сојузништвото во рамки на НАТО, модернизацијата на Армијата, како и за македонската перспектива во однос на состојбите во Западен Балкан и процесот на европска интеграција.

Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на парламентарната соработка, владеењето на правото, борбата против корупцијата и развојот на демократијата, како и на заедничките безбедносни и хибридни предизвици. Во тој контекст, беше нагласена и натамошната поддршка од Соединетите Американски Држави во реформските процеси на државата.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ