24/11/2024
ПочетнаМакедонија„Вистина над лагата, одговорност сега“: граѓани се собраа пред судот во Тетово

„Вистина над лагата, одговорност сега“: граѓани се собраа пред судот во Тетово

Вистина над лагата, одговорност сега, правдата не е трговија, 4 несреќи 97 загинати 0 осудени, разрешување“. Ова се пораките на денешниот протест пред Основниод суд Тетово. Граѓаните  изразија револт  и бараат одговорност за пожарот во модуларната болница во која животите ги загубија 14 луѓе при пожар на 8 септември 2021.

Протестот доаѓа по документарецот објавен од Истражувачката репортерска лабораторија насловен како „Убиство во Тетово“. Тие споделија откритија, документи и направија реконструкција според искази од сведоци. Посочија дека објектите не се граделе според Законот за градење и немало соодветни материјали за заштита од пожари. Се осврнаа на германското вештачење кое беше изведено и во судница, каде токму несоодветната градба и лошата електрична инсталација се лоцирани како причина за пожарот.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ