24/11/2024
ПочетнаСветЗа словачката опозиција состојбата во полицијата станува неодржлива

За словачката опозиција состојбата во полицијата станува неодржлива

Словачката опозициска партија Слобода и солидарност (СиС) соопшти дека ситуацијата во полициските сили станува неодржлива, додавајќи дека очекува уште повеќе безбедносни службеници да го напуштат системот на Министерството за внатрешни работи, објави словачката новинска агенција ТАСР.

-Ќе имаме недостиг од полицајци за да се справиме со новонастанатата ситуација во Словачка, изјави пратеникот на СиС, Јурај Крупа. Според него, предложените 5.000 евра за полицајците кои минале најмалку 20 години во службата и кои се обврзале да одработат уште најмалку три, не е решение на проблемот.

Според Крупа, претстојното укинување на Националната агенција за криминал ќе ослободи не стотици, туку само околу 100 полицајци кои се способни да поддржуваат други полициски оддели и агенции.

Според него, министерот за внатрешни работи Матус Шутаи Ешток треба да размисли дали и како ќе остане на својата функција.

Во меѓувреме, пратеничката на СиС и поранешна министерка за правда, Марија Коликова, истакна дека трговците неодамна се пожалиле на зголемување на случаите на грабежи и предупреди дека не е зголемен бројот на полицајци кои истражуваат такви кривични дела.

Истовремено, Коликова го осуди фактот што полицијата се уште официјално не се изјаснила за неодамнешните измени на Кривичниот законик.

-Едноставно кажано, тоа води кон безбедносни проблеми во земјата, истакна таа, додавајќи дека нејзината партија ќе воведе голем број поврзани законски амандмани.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ