27/11/2024
ПочетнаUncategorizedАвстрискиот претседател Ван дер Белен во официјална посета на Македонија

Австрискиот претседател Ван дер Белен во официјална посета на Македонија

– Сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој на покана на шефот на државата Стево Пендаровски, престојува во официјална посета на Република Македонија, денеска ќе го започне работниот дел од посетата, а покрај со неговиот домаќин, ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски.

Австрискиот претседател, кој е во придружба на неговата сопруга Дорис Шмидауер, ќе се обрати и на свечена седница во Собранието на Република Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, Ван дер Белен денеска ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во вила „Водно“, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Австрија.

По средбата предвидено е Пендаровски и Ван дер Белен да одржат заедничка прес – конференција.

Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Македонија и Австрија“.

Предвидено е претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје да положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Престојот во Република Македонија австрискиот претседател Ван дер Белен го започна вчера со посета на Охрид.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ