Карло Анчелоти може да добие отказ од Реал Мадрид дури и ако тимот освои трофеи. Иднината на 63-годишниот тренер изгледа се пооддалечена од Реал Мадрид, објави „Кадена СЕР“.
Во последните недели Анчелоти изгледа загрижено и изнервирано. Во соблекувалната нема единство, а одлуките на Анчелоти се една од причините поради која се влоши атмосферата во тимот. На ситуацијата влијаеше и тоа што Едуардо Камавинга беше испробан на левата бековска позиција, како и фактот што Аурелиен Чоамени добива мала минутажа. Дополнително, атмосферата ја расипува и тоа што Марко Асенсио и Дани Себаљос не влегуваат доволно често на теренот.
Анчелоти знае дека недостигот на трофеи оваа сезона може да доведе до негова оставка. Сепак, можен е и поинаков развој на настаните – дури и освоениот трофеј можеби нема да биде доволен за Карло да ја задржи работата во Реал Мадрид.
Репрезентацијата на Бразил будно ја следи ситуацијата околу Анчелоти – тој може да биде назначен на селекторската функција доколку го напушти Реал Мадрид.