Според анализите на Секторот за санитарна контрола, земените примероци на вода за пиење во Скопје, во периодот од 6 до 10 март, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Претпријатието во неделниот извештај информира дека во наведениот период биле земени 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во град Скопје.
Секторот за санитарна контрола, кој ги спроведува анализите за безбедност и квалитет на водата за пиење, е прва лабораторија во државата акредитирана според стандардот ИСО17025:2018.