24/11/2024
ПочетнаUncategorizedИзведба на балетската претстава „Жизел“ во НОБ

Изведба на балетската претстава „Жизел“ во НОБ

Романтичниот балет во два чина „Жизел“ од Адолф Адам вечер ќе биде изведе на сцената на Националната опера и балет.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Мирта – Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ