27/11/2024
ПочетнаUncategorizedКореографиите „Блокови“ и „Место, многу посебно за неа“ вечер во МНТ

Кореографиите „Блокови“ и „Место, многу посебно за неа“ вечер во МНТ

Во Македонскиот народен театар, вечер во рамките на фестивалот Танц Фест 2023 ќе се изведат кореографиите „Блокови“ на Дејан Битровски и „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар.

„Блокови“ на Битровски зборува за градење и рушење на врски и односи меѓу луѓето и општеството. Борбата на човекот и неговата мисла преточена во градење и рушење на ѕидови кои фигуративно го преставуваат менталниот склоп на општесвото и неговата поделеност.

Дејан Битровски се потпишува како режисер и кореограф, Благој Мицевски како костимограф, музиката е на задолжен музичкиот продуцент Александар Гроздановси. Дизајн на постерот е на Елена Узуновски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска и Бобан Русески и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефани Шааршмит, Илина Костовска, Клара Христовска

Кореографијата и режијата се на Адијана Данчевска, музиката во првиот дел на претставата е „Болеро“ на Морис Равел, а во вториот дел музиката се изведува во живо, со музичарите: Виктор Филиповски и Ратко Даутовски и вокланиот солист Викторија Коцева. Сценографијата ја осмислуваат Адријана Данчевска, Ивана Мојсовска, X Print и Матеа Мијановиќ. Костимите се на Адријана Данчевска, реализирани од Весна Стефаноска. Дизајнер на плакат и видео е Ивана МојсовскаНастапуваат танчерите: Стефани Шааршмит, Клара Христова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Микаела Анџела Глигорова, Ангела Петровска.

-Расказ за неа, за нејзиниот прв живот. Во првиот дел се бавев со кореографска актуализација на добро познатото Болеро на Равел, каде ја користам репетицијата како појдовна идеја и ја пресликувам низ моја призма во кореографскиот текст преку групната игра. Вториот дел, го усмерив кон поинаков израз, со цел да изненади, ја менувам атмосферата, со придружба на музичката изведба во живо на Филиповски, Даутовски и Коцева, за да откријам неколку интимни мисли на сцената, вели Данчевска за претставата.

Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, амбасадите на Кралството Холандија и на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ