24/11/2024
ПочетнаUncategorizedКралицата ќе почива во нејзиното село крај езерото. Деталите за погребот на...

Кралицата ќе почива во нејзиното село крај езерото. Деталите за погребот на Тина Тарнер

Музичката легенда Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст во својот дом во Цирих, Швајцарија. Портпаролот на пејачката откри дека таа починала од природна смрт

Легендарната кралица на рокен ролот почина на 24 мај во некзиниот дом во близина на Цирих. Животот на легендата не бил воопшто лесен.На 39 години со 70 центи во џебот решила да го напушти сопругот Ајк Тарнер од кого со години трпела насилство,и го започнала нејзиниот втор живот кој тргнал по нагорна линија и ја изградила нејзината светска кариера.

Последните години доживеала две големи трагедии кога ги загубила нејзините два сина.Постариот син кој го родила на само 18 години од саксафонистот Рејмонд Хил починал во јули 2018 година.Работел како продавач на недвижности и на 59 години се самоуби

Набрзо уследил уште еден удар кога останала и без вториот син Рејмонд кој пред 5 месеци на нејзината смрт бил најден мртов во неговиот стан во Лос Ангелес.Починал од рак на дебелото црево.И самата долго се борела со тешката болест. Трансплантацијата на бубрегг и го спасила животот а во нејзината авторска книга „Мојата љубовна приказна“ открила дека „подарокот за живот“ односно бубрегот и го подарил нејзиниот сопруг Ервин Бах со кого се омажила на 73 години а биле заедно од 1986 година.

Тоа не беше моја одеа,но отровите во мојот организам почнаа да ме победуваат.Неможев да јадам,преживував ама не живеев.Почнав да размислувам за смртта.Прифатив дека моите бубрези се во исклучително тешка состојба.Не се плашев од смртта само прашањето беше кога ќе биде,напишала Тина во нејзината автобиогравска книга.

Кралицата на рокен ролот големата Тина одлучила дека сака да почива во нејзиното село крај езерото во Швајцарија чиј државјанин станала од 2013 година.

Целиот нејзин имот проценет на над 250 милиони долари му го оставила на љубовта на нејзиниот живот,вториот сопруг Бах со кој била до последниот момент а заедно биле во исклучително складна врска цели 35 години. Тина има и два псвоени синови од првиот сопруг Ајк.но долги години не била во контакт со нив.едниот долго е во институција за лекување од зависности а со другиот престанала да се слуша од 2000 година бидејки сметала дека само ја искористува материјално.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ