Далас Маверикс и словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ понудија да ги платат трошоците за погреб на жртвите од трагедијата што се случи во средата во Белград, во која 13-годишно момче уби осуммина свои врсници и член на обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“.
Дончиќ преку својата Фондација ќе ги плати и трошоците за психолошко советувалиште за семејствата и пријателите на починатите, како и за вработените во училиштето.
„Срцето ми е скршено заради изгубените животи, вклучително и оние на невините деца. Моите мисли се со семејствата и општеството погодени од оваа трагедија. Преку мојата Фондација барам начин итно, но и долгорочно да им помогнам на учениците, училиштата и семејствата погодени од трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“. “, се вели во соопштението на Дончиќ.