25/11/2024
ПочетнаUncategorizedМакедонската фудбалска репрезентација до 18 години поразена од Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години поразена од Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години на стадионот „Тополица“ во Бар го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа под очекувањата и беа поразени до 3:0 од домаќинот, информира ФФМ.

Скробановиќ во 29. минута од средбата го постигна водечкиот погодок за Црна Гора. На 2:0 зголеми Вукчевиќ во 43. минута. Конечните 3:0 ги постави Перовиќ во последната минута од мечот.

Втората контролна средба помеѓу овие две репрезентации ќе биде одиграна утре, 4 мај со почеток од 12 часот.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ