24/11/2024
ПочетнаUncategorizedМарфи: Фикција е мислењето на опозицијата дека во иднина ќе има подобра...

Марфи: Фикција е мислењето на опозицијата дека во иднина ќе има подобра понуда!

Без Договорот од Преспа, Северна Македонија немаше да биде дел од НАТО, рече американскиот сенатор Крис Марфи во гостувањето во ТВ Сител. Тој додаде дека со членството во НАТО, ако некогаш кон Северна Македонија постои закана од сосед или надворешна сила тогаш армијата на најмоќната држава во светот, САД, ќе застане во одбрана. Марфи се осврна и на членството на земјава во ЕУ.

Ќе има одредени загрижености во САД ако се добие слика дека Северна Македонија отстапува од патот кон ЕУ. Видовме дека Северна Макеоднија носи тешки одлуки, како што беше со Договорот од Преспа, но сега Северна Македонија треба да направи отстапка и чекор напред с цел да се приклучи на најголемата економска алијанса – ЕУ, рече Марфи.

Тој кажа дека разговорал со претставници на опозицијата и им кажал дека е загрижен за односите САД-Северна Македонија, ако уставните измени не бидат усвоени.

Исто така им кажав дека нема да има подобар договор. Фикција е мислењето на опозицијата дека после избори ЕУ или Бугарија ќе понудат нешто различно. Разбирам дека е тешко да се промени Уставот, но ова е единствената рута кон ЕУ. Да се смета дека ќе има подобар договор или подобра понуда дека ќе има на маса мислам дека не е точно, рече Марфи.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ