24/11/2024
ПочетнаUncategorizedМедведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена...

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена цел, изјави денеска потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.

Тој обрна внимание на изјавата на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли кој рече дека Украина има право да „проектира сила надвор од своите граници“.
„Денес Велика Британија дејствува како сојузник на Украина, обезбедувајќи ѝ воена помош во форма на воена опрема и експерти. Оттаму, таа де факто води необјавена војна против Русија. Поради тоа, секој нејзин јавен функционер (и воен и цивилен) кој придонесува во војната може да се смета за легитимна воена цел“, истакна Медведев.
Тој посочи дека Лондон бил и останува вечен непријател на Москва.
„Глупавите функционери на Велика Британија, нашиот вечен непријател, треба да имаат на ум дека според општо признатото меѓународно право што го регулира водењето војна во современи услови, вклучително и Хашките и Женевските конвенции со нивните дополнителни протоколи, нивната позиција може да се квалификува како да се во војна,“ напиша Медведев на Твитер.

Претходно, Клеверли одби да коментира дали Киев е вмешан во нападите со беспилотни летала врз Москва, но посочи дека нападите врз „легитимните воени цели“ надвор од Украина се дел од нејзината самоодбрана.
Шефот на британската дипломатија посочи дека Киев има легитимно право да проектира сила надвор од своите граници за да ја поткопа способноста на Русија да проектира сила во Украина.
Во исто време, тој нагласи дека нема да шпекулира за природата на нападот.
Вчера, во раните утрински часови, украински беспилотни летала извршија напади во Москва и оштетија станбени згради во југозападниот дел на градот. Еден дрон удрил во зграда во Нова Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека нападот со украински беспилотни летала врз Москва е терористички акт.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ