27/11/2024
ПочетнаUncategorizedМишчевиќ: Формирањето на заедницата на српски општини клучно за напредок во дијалогот...

Мишчевиќ: Формирањето на заедницата на српски општини клучно за напредок во дијалогот Белград-Пришти

Мислам дека на сите ни е јасно оти клучот за продолжување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина е спроведување на обврските што косовската страна ги презеде уште од пред 10 години со Бриселскиот договор и што се однесуваат на формирањето на заедницата на српски општини, изјави вчера на пресконференцијата српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ.

– По договорот од Охрид, како што можевте да видите, на почетокот на оваа недела во Брисел се организираше и состанок на двата технички преговарачи во овој процес и резултатот на тоа е Декларацијата за исчезнатите и по првпат разговор за заедница на српски општини, изјави Мишчевиќ на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Скопје.

Таа нагласи дека Србија е свесна за обврските кои произлегуваат од она што сега се нарекува „европски предлог“, а порано беше познат како „француско-германски предлог“ и од анексот за имплементација.

– Според она што го знаеме тоа ќе стане дел од нашето специфично поглавје 35, кое што всушност и досега беше инструмент за следење на спроведувањето на сето она што низ процесот на дијалог е направено. Србија е многу јасна дека ги спроведува обврските што ќе ги преземе, но другата страна исто така мора да покаже дека е подготвена да ги спроведува своите обврски, додаде Мишчевиќ

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ