Лука Модриќ беше во аут речиси две недели и одигра само неколку минути во финалето против Осасуна во Копа дел Реј, но вечерва беше стартер и одигра добар меч против Манчестер Сити.
Хрватот ја започна акцијата по која Реал Мадрид поведе со 1:0 со голот на Винисиус Жуниор, но при крајот на натпреварот искусниот фудбалер снема сили и му го отстапи своето место на Чуамени.
Шпанските новинари го запрашале Лука како се чувствува на физички план со оглед паузата која ја имаше, по што Модриќ го коментирал и ремито кое за него било неправедно.
– Се чувстувавм добро на физички план после натпреварот, сега останува се отворено за реваншот. Манчестер Сити го имаше поседот, но ништо друго, не направија шанси. Штета што постигнаа гол, ние имавме повеќе шанси да го решиме натпреварот во наша корист.
– Знаевме декеа ќе имаат посед, но бевме трпеливи и ја чекавме нашата шанса. Тие имаа посед, но не направија многу, после голот за 1:0, бевме генерално подобри. Судијата требаше да досуди корнер пред нивниот гол, можеби имаше и фаул, но тоа сега не може да се промени. Останува се отворено за реваншот. Никој нема предност после првиот меч, останува 50-50 за двата тима, – изјави Модриќ.