Тренерот на Рома, Жозе Мурињо даде свое видување за синоќешната победа над Јувентус (1:0) во 24. коло од Италијанското фудбалско првенство.
– ие не сме најдобриот тим во светот и секој пат треба да дадеме сè од себе за да победиме. Сè уште ме мачи поразот од Кремонезе. Денеска победивме со нашиот став, а не со тактички промени. Тешко е да се игра против Јуве кој е толку силен и компактен.
Моравме да се враќаме повеќе назад во одбраната за да имаме поголем посед на топката, бидејќи нивните играчи се побрзи од нас. Добро се браневме во најголем дел и Руи Патрисио направи чуда во последните минути. Ова е секогаш важно кога играте против Јувентус, изјави Португалецот по натпреварот.
По овој натпревар Рома е четврта со 47 бодови во поредокот, Јувентус е осми со 35 бодови.