27/11/2024
ПочетнаUncategorizedПендаровски – Нефју: Борбата против криминалот и корупцијата од исклучително значењe

Пендаровски – Нефју: Борбата против криминалот и корупцијата од исклучително значењe

Актуелни теми врзани со борбата против корупцијата и напорите на државата за воспоставување ефикасен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју.

На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека борбата против криминалот и корупцијата, на секое ниво, вклучувајќи ја високата корупција, е од исклучително значење во напорите за градење на правната држава и за стекнување на доверба на граѓаните во институциите.

– Претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на државата, во согласност со националните приоритети, да ја продолжи соработката со САД во напорите за сузбивање на корупцијата, а во функција на унапредување на демократските процеси во државата преку овозможување на добро управување и владеење на правото, се наведува во соопштението од кабинетот на чефот на државата.

Пендаровски меѓу другото потенцира дека земјава високо ја цени поддршката и помошта што ја добива од САД во нејзините напори за подобрување во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата и изрази очекување таа да продолжи преку поддршка во градењето на капацитети.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ