Како што информира ДНФ Филмс, по премиерата „Преекспонирано“ ќе се најде на редовниот репертоар на скопските кина „Милениум“ и „Синеплекс“.
Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова, монтажер – Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска. Монтажер за звук: Дарко Спасовски, продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.
Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, што се одржа од 13 до 22 ноември минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година.
Во Европа „Преекспонирано“, изминатата недела се прикажа на новиот филмски фестивал Еуразјаво Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија.