26/11/2024
ПочетнаUncategorizedПретседателката на Косово Вјоса Османи Садриу ќе го посети Тетово

Претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу ќе го посети Тетово

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, која утре доаѓа во официјална посета на Република Северна Македонија, в четврток на 27 април ќе престојува во Тетово, информираа од локалната самоуправа. Во градот се поставени билборди преку кои и се посакува добредојде на претседателката на Косово.

Превидено е Вјоса Османи Садриу во Општина Тетово да има средба со градоначалникот Билал Касами и заедничка изјава за медиумите. Потоа следуваат прошетки до ООУ „Лирија“, градскиот плоштад каде ќе има музички настап со стари народни песни, како и посета на Шарена џамија, информираа од Општина Тетово.

Вјоса Османи Садриу е претседателка на Косово од април 2021 година.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ