26/11/2024
ПочетнаUncategorizedПромоција на Избраните дела во пет томови од Блаже Миневски

Промоција на Избраните дела во пет томови од Блаже Миневски

Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип денеска ќе се одржи промоција на Избраните дела во пет томови од Блаже Миневски. Овој издавачки проект е реализиран во рамки на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ од Скопје. Изданието го приреди Раде Силјан, а ликовно-графичкиот дизајн е на Кристи Георгиевски.

Во првиот том со наслов „Да речиме уште една“ се објавени расказите, а во останатите четири томови романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“. Книгите се проследени со толкувања од Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други.

Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази.Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во земјава и надвор од неа. Дел од нив се преведени на повеќе од дваесет јазици во светот.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

Избраните дела на Миневски ќе ги промовираат Трајче Кацаров и Марина Мијаковска.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ