Американските власти го повикаа Пекинг да ја прекине својата „провокативна и опасна“ акција во спорните води на Јужното Кинеско Море, откако беше избегнат неодамнешниот судир меѓу брод на кинеската крајбрежна стража и филипински брод.
„Го повикуваме Пекинг да се откаже од својата провокативна и опасна акција“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, додавајќи дека САД ги поддржуваат Филипините.
Милер потсети дека САД, како дел од договорот за заемна одбрана од 1951 година, ќе ги бранат Филипините во случај на вооружен напад во Пацификот, каде што се наоѓа Јужното Кинеско Море.
Пекинг смета дека целото Јужно Кинеско Море е дел од кинеската територија, но на делови од тоа море полагаат пораво и Виетнам, Филипини, Тајван, Малезија и Брунеи.