26/11/2024
ПочетнаUncategorizedСите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за претстојниот првомајски викенд, информираа од Општината.

И во приватното и во хотелското сместување нема слободни места, а дојранци очекуваат рекордна посета за викендот.

-Ако се суди по интересот за Дојран за првомајскиот викенд, тогаш можеме да сметаме и на добра туристичка сезона. Отсекогаш посетеноста за Први Мај била барометар за тоа каква ќе биде летната сезона, во која на гостите ќе им понудиме многу содржини и богата фестивалска програма, велат од локалната самоуправа.

Лани во Дојран се забележани над 100 илјади ноќевања, а значајно место во ова бројка заземаат и гостите од Србија, кои порано само поминуваа низ Дојран на пат кон Грција, но од лани се поголем е бројот на српски туристи кои остануваат и повеќе денови на брегот на Езерото.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ