Државниот архив ќе учествува на 35. годишен Саем на книгата, што ќе се одржи од 4 до 10 мај во салата „Борис Трајковски – А1 арена“. На штандот на Архивот ќе бидат изложени голем избор зборници на историски документи, публикации и материјали. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата и активностите на Архивот, како и да откријат интересни и релевантни книги од областа на архивистиката. Публикациите ќе се продаваат по 30 отсто намалена цена, а овој саемски попуст ќе важи и во просториите на Државниот архив – централен дел, како и во одделенијата на Државниот архив во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово. Во рамките на Промотивниот центар на саемот планирано е да се промовираат три најнови изданија на Државниот архив, чии автори се истакнати научници.
Промоциите ќе се одржат во следните термини:
5.5.2023 г. во 14:00 часот – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“, м-р Виктор Габер, 2022 г.
6.5.2023 г. во 10:00 часот – „Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941 – 1944), том I”, проф. д-р Музафер Бислими, 2022 г.
8.5.2023 г. во 13:00 часот – „Македонското прашање во документите на Коминтерната, том 2, дел 1: ВМРО (Обединета) 1925 – 1928 г., зборник на документи“, д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила и проф. д-р Владо Поповски, 2021 г.
9.5.2023 г. во 12:00 часот – „Македонското прашање во политиката на Османлиската Држава (1876 – 1909)“, доц. д-р Аднан Шериф, 2023 г.“ и „Парламентарните избори во Османлиската Држава со посебен осврт на Македонија во 1908 година, 2022 г.“
Ги покануваме сите заинтересирани да го посетат нашиот штанд на Саемот на книгата и да го откријат богатството од историски информации кои ги поседува Државниот архив.