27/11/2024
ПочетнаUncategorizedЧетири романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Четири романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“), „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“), „Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“) и „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ („Арс Либрис“) влегоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2022, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Ова е трета селекција на жири-комисијата во состав: Симона Јованоска (претседателка), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), кои оценуваа 35 романи што годинава пристигнале на конкурсот.

Жирито ќе го соопшти името на лауреатот на прес-конференција на 15 март во 12 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

„Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат. Комерцијална банка АД Скопје е генерален покровител на наградата која се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ