– Членови на здружението „Ж’та“ од Кавадарци, освоија награди за квалитетно произведена ракија на меѓународен натпревар во Србија, информираше вечерва Панче Арсовски, претседател на здружението.
-По повод учество на меѓународен натпревар кој се одржуваше во Кикинда, Војводина, Република Србија, наша делегација од здруженијата на индивидуални производители и мали семејни бизниси, „Ж’та“ и „Винотек“, со поддршка од Општина Кавадарци, беа учесници и почесни гости на домаќините. Членови на здружението на мали дестилерии „Ж’та“, освоија прво и второ место во лозова ракија, златна награда во производство на „вилјамовка“ и трето место во севкупен пласман, појасни Арсовски.
Тој потсети дека за неколку дена, на 24 мај, го организираат фестивалот „Ракијада Тиквешија 2023“, во Вински музеј Кавадарци.