27/11/2024
ПочетнаUncategorizedЃоковиќ во Надал гледа прв фаворит за триумф на Ролан Гарос

Ѓоковиќ во Надал гледа прв фаворит за триумф на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нагласи во интервју за Си-Ен-Ен дека Шпанецот Рафаел Надал е фаворит да го освои годинешниот Ролан Гарос во Париз.

Ѓоковиќ поради забраната за влез на невакцинирани странци во САД ги пропушти двата турнири од серојата „мастерс 1000“ во Индијан Велс и Мајами.

„Ќе сторам сè што е во моја моќ да ја кренам формата и да бидам на највисоко ниво во Париз. Надал, се разбира, е крал на земјените терени и фаворит број еден, без дилеми“, изјави Ѓоковиќ во интервју за американската телевизиска мрежа.

Ѓоковиќ истакна дека личен приоритет до крајот на сезоната ќе му бидат трите грен – слем турнири – Роланд Гарос, Вимблдон и ЈуЕс Опен.

„Мотивиран сум и расположен како и секогаш, поради овој спорт, семејството, мојата фондација и сите проекти во кои учествувам на теренот и надвор од него“, рече вториот светски рекет во интервју за Си-ен-ен.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ