26/11/2024
ПочетнаUncategorizedЈУЖНА КОРЕЈА ВЕТИ ДЕКА НЕМА ДА РАЗВИВА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, НО ЌЕ ДОБИЕ...

ЈУЖНА КОРЕЈА ВЕТИ ДЕКА НЕМА ДА РАЗВИВА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, НО ЌЕ ДОБИЕ ПОГОЛЕМА ЗАШТИТА ОД САД

САД и Јужна Кореја потпишаа клучен договор за спротивставување на нуклеарните закани од Северна Кореја. Вашингтон се согласи периодично да распоредува нуклеарни подморници во Јужна Кореја и да ја вклучи во своите операции за нуклеарно планирање.

За возврат, Јужна Кореја вети дека нема да развива сопствено нуклеарно оружје.

„Вашингтонската декларација ќе ја зајакне сојузничката соработка во одвраќањето на севернокорејски напад“, изјави американскиот претседател Џо Бајден по средбата со својот јужнокорејски колега Јун Сук Јеол во Белата куќа.

Двете држави се загрижени поради нуклеарните закани од Северна Кореја, која развива тактичко нуклеарно оружје и оружја со долг дострел, со кои би можела да го гаѓа не само својот сосед, туку и копното на САД.

Новиот договор е резултат на повеќемесечни преговори и според него, САД повидливо ќе ја изразуваат својата посветеност да ја бранат Јужна Кореја, па првпат по 40 години ќе испратат нуклеарна подморница, заедно со други стратешки средства.

Стравот дека Вашингтон би можел да ја напушти Јужна Кореја ги засили повиците во Сеул за развој на сопствено нуклеарно оружје. Оваа идеја беше изложена и од претседателот Јун во јануари.

„Продолжуваме со напорите да ја вратиме Северна Кореја на преговарачка маса и да ја убедиме да се откаже од нуклеарното оружје“, кажа Бајден.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ