Според претставникот на САД, има индиции дека српскиот претседател Александар Вучиќ е подготвен да го прифати планот на Брисел, но не и косовскиот премиер Курти
Специјалниот преставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар, коментирајки ја ситуцијата во северот на Косово рече дека најдоброто решение за двете држави, Косово и Србија, е прифаќањето на планот од три точки предложен од Европска унија. Според Ескобар, постојат индиции дека српскиот претседател Александар Вучиќ е подготвен да го прифати овој план, но тоа не важи и за премиерот Курти.
Доколку Србија и Косово не ги исполнат барањата на меѓународната заедница за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, Ескобар рече дека двете земји ќе изгубат бројни можности.
Овие изјави Ескобар ги пред почетокот на меѓународната конференција на Дубровничкиот форум на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум“.