05/05/2024
ПочетнаРегионЃоковиќ го збриша Вавринка и закажа осминафинале со Хуркач

Ѓоковиќ го збриша Вавринка и закажа осминафинале со Хуркач

Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Вимблдон, откако вечерва во третото коло без поголеми проблеми го совлада својот стар ривал Швајцарецот Стен Вавринка со 6-3, 6-1, 7-6/6.

Славниот Швајцарец беше лесна задача за српскиот тенисер кој победи на убедлив начин. Веќе на отворањето на мечот Ѓоковиќ веднаш го нападна противничкиот сервис. Вавринка некако успеа да се одбрани, но во шестиот гем Ѓоковиќ ја искористи првата брејк топка и потоа лесно го приведе првиот сет кон крајот со 6-3.

Ниту вториот сет не донесе никаква неизвесност. Ѓоковиќ веднаш направи брејк, па уште еден, одлично сервираше, а по половина час игра во вториот сет стигна до 6-1 и 2-0 во сетови. Швајцарецот даде нешто посилен отпор во третиот сет. Сепак, Стан не можеше сериозно да се закани на сервисот на српскиот тенисер, кој лесно освојуваше поени. Ѓоковиќ го доби третиот сет во та-брејк и се квалификува во следната рунда.

Следен ривал на најтрофејниот во историјата е Хуберт Хуркач.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ