Home Регион Ескобар: Најдоброто решение за Косово и Србија е прифаќањето на планот предложен од ЕУ

Ескобар: Најдоброто решение за Косово и Србија е прифаќањето на планот предложен од ЕУ

0
Ескобар: Најдоброто решение за Косово и Србија е прифаќањето на планот предложен од ЕУ

Според претставникот на САД, има индиции дека српскиот претседател Александар Вучиќ е подготвен да го прифати планот на Брисел, но не и косовскиот премиер Курти

Специјалниот преставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар, коментирајки ја ситуцијата во северот на Косово рече дека најдоброто решение за двете држави, Косово и Србија, е прифаќањето на планот од три точки предложен од Европска унија. Според Ескобар, постојат индиции дека српскиот претседател Александар Вучиќ е подготвен да го прифати овој план, но тоа не важи и за премиерот Курти.

Доколку Србија и Косово не ги исполнат барањата на меѓународната заедница за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, Ескобар рече дека двете земји ќе изгубат бројни можности.

Според Ескобар, за Косово тоа значи оддалечување од блиските меѓународни и регионални партнери, а за Србија оддалечување од влезот во ЕУ. Ескобар додаде дека партнерството на САД со Косово е партнерство со народот на Косово, а не со една политичка партија или политичка личност. Затоа, посветеноста на САД и инвестициите во иднината на Косово останува силни.

Овие изјави Ескобар ги пред почетокот на меѓународната конференција на Дубровничкиот форум на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум“.