Пожарот што утринава избувна во Универзална сала во Скопје се уште е активен.
Од Центарот за управување со кризи потврдија дека се запалила куполата на салата која беше поставена пред десет години денови, а на терен во моментов се пожарникари од Противпожарната бригада на град Скопје.
Опожарена е една купола од зградата, а на терен е и противпожарната служба на Град Скопје“, соопштија од Центарот.
Универзалната сала почна да се реновира пред еден месец, а за реконструкција е задолжено Министерството културата на Северна Македонија.
Се уште нема информации за причината за пожарот.