Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на свечениот пречек на шефовите на делегациите, денеска во Вилнус на Самитот на НАТО беше дочекан од домаќинот претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.
Самитот на НАТО во Вилнус на едно место ги собра 31 земји членки на Алијансата, шефови на држави и Влади на земји партнери како Австралија, Украина, Грузија, Босна и Хервцеговина, Молдавија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, како и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија.